Во една земја одат за гориво, а во друга за детска облека
Август е месец кога родителите ги подготвуваат своите деца за на училиште, а за таа цел одат на шопинг во Солун каде можат да најдат облека со добар квалитет и поволна цена.
Србите велат дека од одредени градови како што е Ниш, повратниот билет е евтин и вреди да се отиде.
„Вреди овде да се дојде ако веќе сте биле на море, или ако сте од Ниш или од јужните делови на Србија. Шопинг тура од Ниш чини 20 евра, пари кои ќе ги потрошите за два три артикли, а од Белград не се исплати затоа што само патот е повеќе од 50 евра“ - вели Сања од Нишка бања.
Жителите на Белград и уште посеверно се одлучуваат за Сегедин.
Шопинг тури има секој викенд и чинат 1500 динари.
„Купив капут за 25 евра, а во јануари бев шокирана кога ист таков видов во Белград за 7.500 динари“ - вели Дуња.
Шопингот во Унгарија е атрактивен затоа што се враќа данок.
За граѓаните на Суботица се исплати таму да купуваат храна.
Може да се заштеди и на опрема за бебиња ако се купи таму.
Граѓаните на Шид, Оџаци и Бачка Паланка електронски апарати купуваат во Славонија.
До Осијек им треба еден час, а цените се пониски од Србија за 10 до 20%.
Од таму се купува и гориво, пишуваат српските медиуми.
Да се оди во Романија со автомобил не се исплати.
