Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во една соседна земја овошјето поскапело за скоро 70 отсто

Во една соседна земја овошјето поскапело за скоро 70 отсто

Овошјето во Србија лани поскапело за 68,2 проценти.

Најголемо влијание врз растот на цените во Србија во групата земјоделски и рибни производи минатата година имаше зголемувањето на цената на овошјето за 68,2 проценти и житарките за 12,3 проценти, објави денеска Републичкиот завод за статистика.

Цените на земјоделските и рибните производи се зголемија за 10,7 проценти во просек минатата година. Во декември 2025 година, цените на овие стоки во Србија се зголемија за четири проценти во споредба со истиот месец во 2024 година.

Најголемо влијание врз растот на цените е забележано во групите житарки (7,2 проценти) и добиток и живина (пет проценти).

Цените на земјоделските и рибните производи во декември 2025 година, во споредба со претходниот месец, се намалија во просек за 2,2 проценти, при што најголем пад на цените е забележан кај добитокот и живината (2,7 проценти) и житарките (2,3 проценти).

Слично

Поврзани вести