Во еден месец два пати поскапеа билетите за мигрантите
Мигрантите кои патуваат на релација Гевгелија- Табановце од сега ќе плаќаат поскапи билети. Поранешната цена на возниот билет која мигрантите ја плаќаа беше 10 евра или 600 денари. Сега истата карта ќе ги чини 25 евра или 1 500 денари.
Од Македонски железници не го коментираат покачувањето на цената.
Ова е второ големо поскапување на билетите, откако почна транспортот на мигрантите. До јуни, цената беше 5 евра.
Тоа покачување беше објаснето со зголемените трошоци на македонски железници.
Слично
