Во еден ден украдени пет таблички на македонски возила во Грција
Македонски таблички на пет возила регистрирани во Скопје, Охрид, Битола и Ресен биле извадени и украдени во соседна Грција. Инцидентите завчера биле пријавени на граничните премини Богородица и Меџитлија.
Македонските туристи кои останале без табличките летувале во туристичките места Олимпик Бич и Паралија. Кражбата ја пријавиле и во грчката полиција, но табличките не биле пронајдени.
Со ова, бројот на оштетувања на македонски возила во Грција оваа сезона се искачи на 10 - од седум возила биле украдени табличките, а три биле оштетени или испрскани со спреј.
Минатата година интензитетот на ваквите инциденти беше значително поголем, па дури 68 граѓани се вратија од летување во Грција со оштетени автомобили или извадени таблички.
Слично
