Во Дубаи ќе добиете грам злато, за секој изгубен килограм?!
„Вашата тежина чини злато“, гласи слоганот на кампањата со која на дисциплинираните граѓани им се ветува дека ќе добијат по грам злато за секој изгубен килограм, под услов до 16 август да ослабат минимум два килограми.
„За секој изгубен килограм по грам злато“ е нов начин на борба против дебелеењето кој го претставија властите во Дубаи под слоганот „Твојата тежина во злато“.
Локалните весници објавиле дека граѓаните за секој килограм телесна тежина кој нивните граѓани успеале да го изгубат, ќе бидат наградени со грам злато.
Оваа кампања е покрената во време на месецот на Рамазан, кој се завршува во средината на август. Наградата ќе им биде доделена на сите оние кои до 16 август имаат ослабнато најмалку 2 килограми.
Во текот на муслиманскиот пост верниците се одрекуваат од храна, пијалок, пушење и други пороци од зора до заоѓањето на сонцето. Сепак, многумина на крајот од денот се прејадуваат, и покрај сите предупредувања дека тоа е лошо по здравјето.
Оние кои сакаат да се вклучат во кампањата ќе бидат регистрирани, а овозможено ќе им биде и да користат ваги во јавните паркови. Исто така, ќе бидат снабдени со водичи за исхрана, а ќе им биде забрането и користење на било какви нездрави методи за губење на килограми.
Трите учесници кои ќе бидат извлечени во наградна игра на крајот од кампањата ќе освојат златна паричка вредна 20.000 дирхами, односно 5.449 долари долари.
Другите „губитници на тежина“ ќе ги поделат златниците во вкупната вредност од 200.000 дирхами.
