Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во друштво со Нигерија – PayPal стигнува во Македонија

Во друштво со Нигерија – PayPal стигнува во Македонија
Македонија, Молдавија, Црна Гора, Белорусија, Монако, Нигерија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Зимбабве и Парагвај - ова се десетте земји во кои од денеска конечно ќе бидат достапни услугите на глобалниот сервис за електронско плаќање PayPal. Со ова, бројот на потенцијални корисници на услугата ќе се зголеми за 80 милиони. Откако сервисот ќе започне да функционира, потрошувачите во овие десет земји со пристап на интернет и банкарска картичка приспособена за интернет трансакции, ќе можат да се регистрираат за корисничка сметка на PayPal и да купуваат и плаќаат со неа на неколку милиони интернет страници во светот. Со оваа група, PayPal веќе е достапен во повеќе од 200 земји во светот. Сепак, на новите пазари нема веднаш да бидат пуштени сите услуги на сервисот, односно ќе може да се користи само опцијата за купување само од онлајн продавници кои се верификувани од PayPal сервисот. Засега нема можност преку PayPal да се испраќаат пари од корисник на корисник или да купуваат во локални продавници во овие земји. „Самиот сервис поминува низ период на реосмислување, освежување на многу од своите услуги и ги прави полесни за употреба од мобилни телефони. Ова ни дозволува да се прошириме на брзорастечките пазари“, вели Руперт Кили, одговорен за овој регион во PayPal.
Слично

Поврзани вести