Во делови од Хрватска има до 41 сантиметар снег
Делови од Хрватска од утрово се под снег. Патниот правец А1 – Загреб-Сплит-Плоче е затворен за сите возила.
Највисоката снежна покривка има во Горски Котар – 41 сантиметар, во Црни Луг – 33, додека на Сљеме има 12 сантиметри. Властите издадоа предупредување за камиони со приколки и трактори со полуприколки од правец на внатрешноста кон Риека, односно Истра и Далмација и обратно.
Слично
