Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во делови од Хрватска и Словенија паѓа снег

Во делови од Хрватска и Словенија паѓа снег

Снег има во делови на Хрватска и Словенија. 

Во хрватската престолнина Загреб утрово паѓа снег кој не се задржува на земја, а послаби врнежи има во Крапина и Копривница. Според метеоролозите, во ридско-планинските предели каде е можна потенка снежна покривка. 

Во Словенија врнежите се претворија во снег и во пониските предели, а во текот на денот е можна појава на лапавица, пренесува СТА. 
Во земјава денеска ќе имаме врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер.

Слично

Поврзани вести