Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во декември 1.3% вработени во државата не земале плата

Во декември 1.3% вработени во државата не земале плата
Во декември 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Овој податок стои во извештај во областа за пазарот на труд на Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2015 година била  22 715 денари. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: стручни, научни и технички дејности (18.8%), информации и комуникации (9.9%) и трговија на големо и трговија на мало,  поправка на моторни возила и мотоцикли (8.9%).
Слично

Поврзани вести