Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Дебар наскоро во функција градското кино

Во Дебар наскоро во функција градското кино
Во концертната сала на Центарот на култура во Дебар, каде до пред 25 години функционираше градското кино, поставена е филмската апаратура, како активност на филмскиот фонд на Министерството за култура.

- Апаратурата веќе ја испробавме, функционира беспрекорно, а бидејќи кај дебрани постои голем интерес, што се потврди и со летното отворено кино, набрзо киното ќе го ставиме во функција, изјави Артин Спахиу, оценувајќи го овој проект на Министерството за многу значаен.

Според него, Дебар е еден од 17-те градови во Македонија кој со поддршка на Владата доби градско кино.

Летното кино кое првпат беше организирано ланското лето, стана хит во Дебар. Го посетуваа повеќе од двесте граѓани дневно, а една вечер имаше и 400 посетители.

- Дебар има голема традиција кога е во прашање филмот, за што потврда беше преполната сала кога се прикажуваше добар филм. И ние сме од таа генерација. Со развојот на техниката пополека почна да се намалува интересот и така најверојатно поради економска неоправданост, кината беа затворени, вели Драган Андоновски, граќанин.

И другите дебрани се благодарени на поддршката на Министерството за култура, што по четврт век Дебар добива градско кино.

Слично

Поврзани вести