Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во даночниот образец словенечката УЈП воведува и дел „поткуп“

Во даночниот образец словенечката УЈП воведува и дел „поткуп“

Додека пријавуваат данок сопствениците на словенечки компании ќе можат да внесат и износ на трошоци кои ги имале поради давање поткуп и други форми на незаконска употреба.

Љубљанскиот весник „Дневник“ наведува дека во даночните пријави за сопствениците на компании се наоѓа и дел „поткуп“.

Иако, постои мала веројатност дека некој самиот ќе се пријави за дело казниво до пет години затвор и парична казна, словенечката даночна управа тврди дека делот „поткуп“ е воведен врз основа на Законот за данок на приход на претпријатијата.

Законот, според нив дозволува и „самопријавување“ на корупција во работењето. Во таков случај од претприемачот се очекува на образецот да внесе „трошоци настанати поради давање поткуп и други форми на незаконско користење, наместо да ги пријават како оправдан трошок, со што ќе биде намалена даночната основа.

Слично

Поврзани вести