Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во црногорско село луѓето се натпреваруваат во лежење

Во црногорско село луѓето се натпреваруваат во лежење

Во Црна Гора има и натпревар по лежење. 

Село во оваа земја по 10. пат организира натпревар во легачење, а победникот ќе добие награда од 300 евра. Заега рекордот во лежење е 52 часа.

Натпреварот се одржува во етно-селото Брезна, лоцирано меѓу Никшиќ и Плужине. На натпреварувачите им е забрането да стануваат, а дозволено им е да спијат, читаат и јадат. На секои осум часа ќе можат да одат во тоалет.

„Луѓето доаѓаат да се дружат, но и да покажат дека и со лежење може да се заработи нешто“, изјави сопственикот на етно-селото Миќо Благојевиќ.

Ова е единствено вакво натпреварување во Европа. Идејата за организирање на натпреварот ја добиле поради тоа што има стереотип дека Црногорците се мрзливи. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести