Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црна Гора отворен хотелот „Hilton Podgorica Crna Gora“

Во Црна Гора отворен хотелот „Hilton Podgorica Crna Gora“

Hilton Podgorica Crna Gora Hotel свечено е отворен синоќа. На отворањето на хотелот и коктел кој следел присустувале бројни гости од јавниот живот на Црна Гора и регионот, претставници на меѓународни амбасади, бизнис партнери и претставници на невладиниот сектор, медиуми од Црна Гора.

Во текот на поздравниот говор, извршниот директор на Hilton Podgorica Crna Gora, Халук Билгили рекол дека хотелот Хилтон во Подгорица обезбедил гостопримство на највисоко ниво како би станал важен туристички центар во земјата и регионот.

„Нудиме и извонредни услуги и сигурен сум дека со таков тим, хотелот Hilton Podgorica Crna Gora ќе го направи престојот на секој гостин удобен, незаборавен и релаксирчки“, рекол Билгили.

Сопственикот на хотелот Hilton Podgorica Crna Gora, Жарко Буриќ, ги поздравил гостите со зборовите дека верува оти Hilton Podgorica Crna Gora, со својата понуда претставува пресврт во туристичкиот развој на Подгорица.

„Вечерва сме овде да ја прославиме работата на хотелот Хилтон и воедно да се потсетиме на 60 години долгата и богата традиција на хотели во Црна Гора... Сигурен сум дека овој хотел ќе стане симбол на Подгорица како што и од самиот почеток на изградбата говоревме“, рекол Буриќ.

Претседателот на Владата на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рекол дека со отворањето на хотелот и главниот град и Црна Гора ги добиваат еден од најдобрите хотели со висока категорија, со бројни пратечки содржини, со што Подгорица дополнително се квалификува за организирање на разновидни настани на високо ниво.

„Реално е дека Хилтон Подгорица ќе допринесе и за продолжение во туристичката сезона, што е една од основните цели дефинирани во нашиот план на понатамошни реформи во туризмот. Секако и нов раст на вработеноста“, нагласил Ѓукановиќ.

Околу илјада гости присуствувале на свеченото отворање на хотелот Hilton Podgorica Crna Gora. 


Овој хотел официјално стана дел од големото и луксузно семејство на Хилтон кое брои повеќе од 4700 хотели. Веќе 97 години, Хилтон е посветен на традицијата и нудење на исклучителни услуги. Водечкиот бренд Hilton, Hilton & Resorts, поставува високи стандарди во угостителството. 

Слично

Поврзани вести