Во Црна Гора никој нема да работи в недела
Министерството за економија на Црна Гора испрати предлог до Владата за измени и дополнувања на Законот за внатрешна трговија, со кој се воведува неработен ден во недела. Од ова министерство велат дека во малопродажниот сектор, кој вработува 37.000 лица, нема да се работи во маркетите.
"Преку подзаконски акти ќе бидат донесени решенија за исклучоци и според основните потреби на граѓаните", се вели во соопштението.
Се очекува со овој закон и самите работодавци да ги намалат трошоците, а работниците ќе може да одмораат на самиот ден недела исто како што тоа го прават од другите професии.
Од таму се додава дека ова решение позитивно ќе влијае врз општите економски активности и квалитетот на животот на поединецот, семејството и општеството.
