Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црна Гора короната зема замав

Во Црна Гора короната зема замав

Во Црна Гора вирусот Ковид -19 зема замав. 

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора анализирале 468 примероци од кои 58 се позитивни, објавија црногорските медиуми.

Од почетокот на јуни вкупниот број регистрирани позитивни е 753 со 10  смртни случаи и 10 оздравени.

„Во Црна Гора имаме сериозна ситуација, со сериозен број заболени“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје и член на Националното координативно тело, Бобан Мугоша.

Тој изјави дека ваква ситуација е очекувана, по епидемиолошкото „затишје“.

Претходно, земјата беше меѓу првите во Европа која го победи вирусот, но тој потоа повторно се појави. 

Во цел регион заразата се шири. 

Србија денес е на трето место во Европа по бројот на починати. 

Слично

Поврзани вести