Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црна Гора две жени заразени со коронавирус

Во Црна Гора две жени заразени со коронавирус

Црна Гора ги регистрираше првите случаи со коронавирус. 

Потврдени се првите случаи со коронавирус, соопшти премиерот Душко Марковиќ и порача дека нема место за паника.

„Станува збор за две жени, родени 1948 и 1973 година. И двете во претходниот период биле во подрачја погодени од епидемијата“, истакна Марковиќ.

Според него, Црна Гора е земја која има најмногу тестирања во регионот.

„Една пациентка дошла од САД, и тоа пред 12 дена, друга од Шпанија и била под надзор“, посочи Марковиќ.

Во сите други балкански земји бројот на заразени е поголем и постојано расте. 

Слично

Поврзани вести