Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во чии раце Румен Радев ќе го врачи новиот мандат за состав на бугарска влада?

Во чии раце Румен Радев ќе го врачи новиот мандат за состав на бугарска влада?

По консултациите со сите политички сили во новиот 45-ти парламент, претседателот на соседна Бугарија Румен Радев ќе го предаде првиот мандат за формирање влада на коалицијата ГЕРБ-СДС, објави БНТ.

Според законот, тие имаат 7 дена во кои треба да го предложат својот кабинет. Премиерот во оставка Бојко Борисов веќе објави дека има готов состав на владата, што ќе го објави Даниел Митов.

Сепак, по разговорите со претседателот, Томислав Дончев коментираше дека коалицијата можеби нема да предложи нов кабинет, доколку тие не обезбедат мнозинство во парламентот. Причината - на партијата и треба работна влада со солидна поддршка во Националното собрание.

Доколку мандатот биде вратен од ГЕРБ-СДС, тогаш претседателот Радев ќе ја овласти втората по големина политичка сила во новиот парламент - „Таков народ има“, да формира кабинет. Партијата само вчера рече дека ќе го почитуваат законот и повторија дека нема да влезат во коалиција со ГЕРБ, БСП и ДПС.


Фото: Претседателство на Република Бугарија

Слично

Поврзани вести