Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во четврток Средношколски марш во Струга

Во четврток Средношколски марш во Струга
Во четврток, 19-ти март, со почеток во 12:30 часот, пред Чаршиски Мост во Струга, ќе започне Средношколскиот марш. Маршот ќе продолжи по рутата – по кејовите – Мостот на Поезијата – назад до Чаршија. Средношколскиот Пленум организира Марш во Струга, по повод воведувањето на математика како задолжителен предмет на државна матура и воведување на електронски начин на полагање. Освен тоа, Средношколскиот Пленум маршира и против екстерното тестирање. „Ве повикуваме да дојдете, да си го вратиме нашето право на избор!“, повикуваат струшките средношколци.   (извор: SPEKTRA TV )
Слично

Поврзани вести