Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во четврток ќе се формира работна група за примена на Извештајот

Во четврток ќе се формира работна група за примена на Извештајот

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски за четврток во закажал координација со потпретседателите на законодавниот дом, како и со координаторите  на пратеничките групи. На состанокот треба да се основа работна група за примена на извештајот на Ад-хок Комисијата за инцидентите од 24 декември. Примената на единаесете препораки, за кои постигнаа согласност и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, е обврска на Собранието на РМ.

Препораките, меѓу другото се однесуваат и потребата од усогласување на одредбите помеѓу Законот за Собранието и Деловникот за работа на Собранието, предвидување одредби во Деловникот со кои ќе се уреди начинот на работа на координацијата на пратеничките групи, ревидирање на одредбите од Деловникот кои се однесуваат на постапката за донесување на буџетот, подготовка и усвојување на етички кодекс, зајакнување на улогата и на анкетните комисии и овозможување услови за непречено работење на новинарите кои ја следат работата на Собранието.

Слично

Поврзани вести