Во четвртиот квартал лани со градски превоз се превезле 19,8 милиони патници
Во четвртото тримесечје од 2012 година во патниот превоз се превезле 4.156.000 патници, во железничкиот 230.000, во градско-приградскиот 19.803.000, а во воздухопловниот превоз 198.179 патници.
Според податоците на Државниот завод за статистика во споредба со четвртото тримесечје од 2011 година, количеството на превезената стока во последниот квартал од минатата година во товарниот патен превоз е зголемено за 9,6%, а во воздухопловниот и железничкиот превоз се бележи намалување од 6,3%, односно 21,8%
Слично
