Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во четири градови ќе се градат скоро 1000 социјални станови

Во четири градови ќе се градат скоро 1000 социјални станови
Ќе се градат нови социјални станови и тоа скоро 1000 во четири градови во Македонија. Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека наскоро овие станови ќе ги има во Гостивар, а  од почетокот на следната година и во четири други градови. „Бројката со тие четири градови ќе достигне приближно 1.000 изградени социјални станови за лица од ранливи категории, лица приматели на социјална помош, лица коишто на никаков поинаков начин не можат да дојдат до стан. Досега изградени се 680 социјални станови кои се предадени на граѓаните, 123 се во фаза на градба“ - изјави Груевски. Тој кажа дека овие години изградбата на социјални станови имаше значителен напредок.
Слично

Поврзани вести