Во Бургас се приведени 21 илегални имигранти
Вкупно 21 мигранти нелегално ја преминале границата и се приведени во бургаски кварт „Долно Езерово".
Мигрантите се откриени од полицијата во зградата на поранешното ТКЗС во соседството. Мажите изјавиле дека се државјани на Шри Ланка, Авганистан и Сирија. Утврдено е дека објектот е издаден под наем од 26-годишен жител на Бургас, кој е затекнат на местото. Против него е поведена соодветна постапка.
Ова не е прв ваков случај во Бугарија, која лани заедно со Грција и Турција во Софија потпиша договор за формирање центар за размена на информации во реално време, со цел да се спротивстават на илегалната имиграција и криумчарење мигранти.
Слично
