Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во бугарскиот парламент ќе влезе Слави Трифонов - ќе добие ли доверба Каракачанов?

Во бугарскиот парламент ќе влезе Слави Трифонов - ќе добие ли доверба Каракачанов?

Наместо Kрасимир Каракачанов во Парламентот на Бугарија ќе влезе шоуменот и радикал Слави Трифонов. 

Во новиот бугарски Парламент ќе влезат шест партии.  Објавените резултатите од најновото социолошко истражување на јавното мислење во Бугарија, на агенцијата „Маркет линкс“, покажуваат дека владејачката ГЕРБ на изборите би освоила 17,3 отсто од гласовите, а по неа ќе следи БСП со 15,3 отсто, јави дописникот на МИА од Софија. Трета политичка сила според анкетата во моментов во Бугарија и во новиот парламент ќе биде „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов со 12,3 отсто гласови. Партијата ДПС, која е поддржана од бугарските Турци, во парламентот ќе влезе со поддршка од 7,6 отсто. Во идното Национално собрание во моментов би влегле уште две партии – „Демократска Бугарија“ со 5,4 отсто и „Исправи се. бг“ на Маја Манолова и „Отровното трио“ со 4,5 отсто. „Обединетите патриоти“ во моментов имаат 2,9 отсто поддршка од избирачите и се на работ да го освојат цензусот. Оваа пролет ќе има избори во Бугарија.

Слично

Поврзани вести