Во Бугарија започна третата фаза од вакцинирањето
Во пунктот на „Пирогов“ денеска започна третата фаза на имунизација против Ковид-19 во Бугарија со вакцините на АстраЗенека, кои пристигнаа вчера во земјата.
Меѓу вакцинираните имаше и член на Државната изборна комисија, поради парламентарните избори во Бугарија кои ќе се одржат на 4 април.
Се вакцинираат и вработените на BulBio, операторот кој ги дистрибуира дозите во Бугарија.
- Вакцината може да се прими над 18-годишна возраст, без ограничувања. Третата фаза од планот за имунизација започнува денес, а ќе бидат вакцинирани и претставници на изборните комисии “, рече шефот на Агенцијата за лекови Богдан Кирилов.
Првите 28.800 дози на COVID-19 вакцина на Универзитетот во Оксфорд / АстраЗенека беа испорачани синоќа. Интервалот помеѓу двете дози на вакцините е помеѓу 4 и 12 недели.
До крајот на февруари Бугарија очекува уште четири испораки на вакцината АстраЗенека. Во понеделник, 17.550 дози на Фајзер ќе бидат доставени во Бугарија, а околу средината на неделата ќе пристигнат и 6.000 дози од Модерна.
Претпладне имунизацијата продолжува и во Универзитетската болница „Александровска“.