Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија секој втор работодавец ќе даде велигденски бонус

Во Бугарија секој втор работодавец ќе даде велигденски бонус
Секој втор работодавец во Бугарија дава бонуси за Велигден на работниците. За едни тоа се 200 лева, а некои ќе добијат и по 500 лева. Дека секој втор газда ќе даде велигденски бонуси на вработените, покажува истражувањето на Здружението на индустрискиот капитал во Бугарија. За 7 од 10 работодавачи бонусите станаа традиција. Тоа се главно претпријатија од индустријата и услугите. Најчесто работодавците сакаат да даваат финансиски бонус. Секој втор раководител ќе даде до 200 лева над платата, а двајца од 10 ќе бркнат подлабоко во џебовите и ќе дадат над 500 лева. Други 11% од фирмите пак ќе користат ваучери. Сепак работодавачите признаваат дека оваа година бонусите ќе бидат пониски во споредба со минатогодишните. Великодушните газди оваа година ќе бидат речиси 40% од сите работодавци во Бугарија.
Слично

Поврзани вести