Во Бугарија се прави бугарско сирење со унгарско млеко
Во последните две години во Бугарија крајната цена на млечните производи расте, а во исто време откупната цена за кравјо млеко паѓа, тврдат тамошните фармери.
Тие велат дека се прави бугарско сирење, но со унгарско млеко.
„Никој не го контролира млекото кое влегува во Бугарија од земји во ЕУ. Нашата Агенција за храна се потпира на документите од европските служби "- велат од Здружението на млекопроизводители.
Килограм сирење или кашкавал се продава по цена од 10 до 14 лева. Бугарските фармери велат дека не се во состојба да се мерат со странските фармери, и бараат државата преку Министерството за земјоделство да ги заштити. Според нив државата треба да спроведе политики со кои ќе ги подобри условите во овој сектор, но и ќе придонесе за поквалитетени производи.
Слично
