Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО БУГАРИЈА ПРИСТИГНУВА ВАКЦИНАТА „ЈАНСЕН“: Еднодозната вакцина од производителот „Џонсон и Џонсон“ со голема ефикасност

ВО БУГАРИЈА ПРИСТИГНУВА ВАКЦИНАТА „ЈАНСЕН“: Еднодозната вакцина од производителот „Џонсон и Џонсон“ со голема ефикасност

Според директорот на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов, одобрувањето на вакцината Јансен е во завршна фаза и одлуката за тоа ќе биде донесена следната недела. Ова ќе биде прва вакцина во единечна доза, а испораката во Бугарија, како што информираат тамошните здравствени власти, се очекува да започне во април.

Оваа вакцина е единствена во светот која се аплицира само еднаш и тоа на возрасна популација од 18 години па нагоре. Ефикасноста во клиничките испитувања покажала дека е дури 95 проценти.

Инаку, во Бугарија здравствените власти предупредуваат на зголемување на боројот на новозаразени, пред се заради ширењето на британската варијанта на вирусот за која научниците потврдија дека  е многу позаразна и полесно пренослива. Истовремено посочуваат дека по вакцинирањето, особено по примнањето на првата доза, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, особено носењето маска. 


Слично

Поврзани вести