Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија поскапува струјата од 1 јули

Во Бугарија поскапува струјата од 1 јули
Бугарите од 1 јули годинава ќе плаќаат поскапа струја. Вака одлучија трите дистрибутивни компании ЧЕЗ, ЕВН и Енерго-про, но точно колку ќе изнесува поскапувањето засега е неизвесно. Единствено ЕВН  даде конкретни бројки. Од компанијата инсистираат во југоисточна Бугарија дневната тарифа да скокне за 2,3 проценти, а  ноќната за 3,5 проценти. Проценуваат дека тоа би значело лев и 23 центи над секоја фактура при потрошувачка од 200 киловатчасови дневна енергија и 70 киловатчасови ноќна енергија. За североисточна Бугарија, Енерго - Про, ќе побара зголемување, но ќе го усогласи со инфлацијата. Сметките на ЧЕЗ не се готови, но и тие ќе поскапат. Целта на поскапувањето е овие компании да имаат повеќе средства, да ги опслужуваат клиентите  и да ги намалат загубите во мрежата. Енергетските регулатори во Бугарија засега не го коментираат поскапувањето на струјата.  
Слично

Поврзани вести