Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија од затвори до музеи под концесија?

Во Бугарија од затвори до музеи под концесија?

Ако биде усвоен новиот Закон за концесиите, управувањето на музеи, културно-историски локалитети, социјални услуги, дури и затвори во Бугарија ќе може да се дава на приватни компании.

Предлог законот е даден  на јавна расправа, која ќе трае до 3 мај. Предвидени се три вида концесии - за изградба, за услуги и за употреба. За употреба ќе се даваат спортски сали, музеи, туристички атракции, општинските паркови, постојки на градскиот транспорт, и само кај нив е фиксиран максимален период до 25 години. Останатите два вида концесии веќе беа идентификувани како „вечни". Според експертите со овој предлог закон се дава можност за распродажба на јавните средства и добра.

Слично

Поврзани вести