Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО БУГАРИЈА ОД ДЕНЕСКА СИТЕ СО НЕГАТИВЕН ПЦР: Документот мора да го покажат и бугарски државјани, во спротивно карантин

ВО БУГАРИЈА ОД ДЕНЕСКА СИТЕ СО НЕГАТИВЕН ПЦР: Документот мора да го покажат и бугарски државјани, во спротивно карантин

Од денеска во Бугарија до 30. април се влегува само со негативен резултат опд ПЦР-тест. Тој не смее да биде постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата.

Бугарските власти наведуваат дека исклучоци од овој услов се дозволени само во однос на возачите на автобуси кои се занимаваат со меѓународен превоз на патници, возачи на камиони кои вршат меѓународен превоз на стоки,  членови на екипаж на пловни објекти, членови на екипажот на авиони, како и лица кои само транзитираат низ територијата на Република Бугарија.

-Бугарски државјани и лица со статус на постојан или долгорочен престој на територијата на Република Бугарија и членови на нивните семејства кои нема да покажат документ за негативен резултат од ПЦР-тест за Ковид-19, ќе имаат задолжителен карантин за период од 10 дена во домот или друго сместување во кое лицето посочило дека ќе престојува, се наведува во известувањето, пренесува БГНЕС.

Слично

Поврзани вести