Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија лани влегле 1.478 милијарди евра странски инвестиции

Во Бугарија лани влегле 1.478 милијарди евра странски инвестиции
Луксембург, е најголемиот инвеститор во Бугарија, покажуваат податоците на бугарската Агенција за инвестиции. Странските директни инвестиции (СДИ) во Бугарија во 2012 година забележуваат раст од 13 % во однос на 2011 година, искачувајќи на 1.478 милијарди евра. Најголем раст кај СДИ забележува услужниот сектор со 125 %. Во исто време се забележува пад во рударската и преработувачката индустрија со над 30 %, односно 38 %. Покрај Луксембург, како главен инвеститор во Бугарија со 382 милиони евра, што е 26 % од сите вложени пари, следува Русија со 225 милиони евра или удел од 15 %, а во тројката инвеститори влегува Швајцарија со 212 милиони евра, следат Германија со 177 и Холандија со 168 милиони евра.
Слично

Поврзани вести