Во Бугарија ќе слета најголемиот воен авион
На воениот аеродром во близина на селото Безмер во септември ќе слета најголемиот американски воен авион С-5 „Галакси“ и тоа на аеродромот за чија реконструкција НАТО вложи речиси 27 милиони евра.
С-5 “Галакси” обично се користи за прекуокеански летови. Распонот на неговите крила изнесува 68 метри, празен тежи 170 тони, а полн до 349 тони. Може да лета без слетување од шест до десет илјади километри, во зависност од тоа дали има дополнителни резервоари.
Предвидено е на аеродромот кај Безмер, покрај пистата и стојалиштата, да се изгради и современ светлосен систем.
Слично
