Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија храната поевтини пред Велигден

Во Бугарија храната поевтини пред Велигден

Цената на производите паднала за 9% во однос на  април лани.

Индексот на пазарните цени кој се одразува на цените на прехранбените производи на големо, падна оваа недела со 0,28 %, објави Државната комисија за стоковни берзи и пазаришта. Споредено со средината на април 2015 година индексот е за 9,05% понизок. Лани беше обратно, цените скокнаа пред Велигден.

Поевтинија доматите, краставиците, компирот, зелената салата, ротквиците, лимонот, јагодите, меленото месо, јаболката и други производи.

Од друга страна поскапени се кравјото сирење, маслото за јадење и пилешкото месо.

Слично

Поврзани вести