Во Бугарија гласањето на избори станува задолжително
Изгласана е измена во Изборниот законик која гласи - „гласањето е задолжително, се врши лично од гласачите и претставува исполнување на граѓанска должност".
Народното собрание конечно усвои измени во еден од најважните закони, Изборниот законик, со кои се регулира задолжителното гласање. Казни за оние кои нема да го дадат својот глас, нема да има. Нивните имиња сепак ќе бидат автоматски избришани од избирачките списоци. Ако сакаат да бидат внесени повторно, тие ќе треба да одат до општинската администрација. Друг предлог што треба да се дискутира, е да има стимулации за гласачите, а кои точно стимулации ќе одлучува Советот на министри. Задолжителното гласање ќе доведе и до уште еден нов момент , а тоа е воведувањето на квадратче „не избирам никого".
За новите измени бугарските пратеници беа со различни ставови, но дел сметаат дека ова е против уставно и не може никој да се става над граѓаните на Бугарија.
