Во Бугарија девојки скокнале од воз во движење откако ја пропуштиле станицата
Во Бугарија девојки скокнале од воз во движење откако ја пропуштиле станицата, а едната од нив е во критична состојба.
Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, се итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички воз на линијата Софија-Бургас во близина на железничката станица „Клисура“, потврди вчера прес-центарот на Одделот за внатрешни работи во Пловдив. 20-годишната девојка се здобила со тешки повреди и е во критична состојба, објавува порталот 24часа.
Покрената е прелиминарна истрага и е известено Окружното обвинителство.
Поради инцидентот, сообраќајот помеѓу станиците „Клисура“ и „Стрјама“ е привремено прекинат.
Според Антонија Иванова од прес-центарот на Универзитетската болница за активен третман „Свети Георги“ во Пловдив, состојбата на 20-годишното девојче е исклучително лоша, објавува 24часа.
