Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија 70% од свинското месо увезено

Во Бугарија 70% од свинското месо увезено

Свинско месо од Шпанија, Романија и Германија го преплави бугарскиот пазар, на кој само 30% од месото е домашно производство.

Се смета дека ова месо содржи адитиви и затоа цената е ниска. За да престанат злоупотребите на пазарот, од Сојузот на производители на свинско предложија воведување измени во Законот за храната. Тие бараат овие меса да бидат на посебен штанд со ознака дека содржат адитиви. Производителите сметаат дека причината за ваквите состојби е хиперпродукција на земјоделски производи во Европа, а воедно и  руското ембарго  затвори еден огромен пазар. Истиот проблем постои и со понудата на пилешко. Според податоците на Унијата на живина во Бугарија,  увезени се над 100 000 тони, а толку е и домашното производство. Пилешко се увезува од Романија и Полска.

Слично

Поврзани вести