Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија 130 имами проповедаат радикален ислам

Во Бугарија 130 имами проповедаат радикален ислам

Во Бугарија 130 нелегитимни имами со дипломи од арапскиот свет проповедаат политички радикален ислам.

Ова го изјави Николај Панков, еден од клучните сведоци во случајот против Ахмед Муса и 13-те негови поддржувачи, обвинети за ширењето на идеите на групата Исламска држава, во Пазарџик. Според него трансформацијата на исламот во земјата е започната по 2005 година, кога на чело на муслиманите застанува Мустафа Хаџи,  сегашниот главен муфтија.

"Ова е политичка доктрина. Таа се гради во салафизмот, односно во враќање кон корените, користи исламската терминологија, но нејзиното дава сосема друго значење - на доминантна религија, која се бори со постојниот државен и демократски поредок "- објасни Панков.

Судот во Бугарија одби да го ослободи од притвор обвинетите за проповедањето на верска омраза и исламска војна. Судењето започна пред еден месец во Пазарџик против 14 обвинети, меѓу кои е и нивниот лидер Ахмед Муса Ахмед.

Слично

Поврзани вести