Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија 10% е најреалната прогноза за растот на туристите

Во Бугарија 10% е најреалната прогноза за растот на туристите

Во земјата со закон се предвидува единствен електронски систем за регистрирање на сместени туристи.

Ова се смета дека  ќе ја направи Бугарија неконкурентна дестинација и ќе создаде редица непријатности.

„Таква практика има во земјите со диктаторски режими. Не сме против идејата да има зголемен надзор поради тероризмот, но тоа не е начинот"- коментира Веселин Налбантов, заменик-претседател на Сојузот на хотелиери.

Промените во законот ќе имаат негативен ефект врз малите и средните сместувачки капацитети поради поголемиот финансискиот товар за малите бизниси, рече  Петар Иванов од  Здружението на куќи за гости во Бугарија.

Двајцата коментираа и за очекувањата за летната сезона. Според Налбантов најреална прогноза е раст на туристите со 10-12%.

Слично

Поврзани вести