Во Будва стотина туристи се затруле со храна
Речиси 100 туристи се затруле со храна во ресторан во црногорскиот град Будва.
Луѓето имале стомачни проблеми. Црногорски портал објави дека Општата болница во Котор им потврдила дека синоќа пристигнала поголема група луѓе со труење.
„Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст на 15-16 години“, соопштија од болницата.
Станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле во ист ресторан.foto freepik.com/boyarkinamarina
Слично
