Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во брод најдени материјали за експлозив - има и уапсени

Во брод најдени материјали за експлозив - има и уапсени

Грчката крајбрежна стража денеска запленила брод кој носел материјали за изработка на експлозив, при што се уапсени осум членови на екипажот.

Бродот пловел под знаме на Танзанија, а бил откриен во близина на Крит. На него се пронајдени 29 сандаци во кои имало амониум-нитрат, детонатори и 11 празни резервоари за течен нафтен гас.

Тој исполовил  од турското пристаниште Мерсин, а пловел кон Џибути, но неговата рута била сменета и како крајна дестинација било наведено пристаништето Мисрата во Либија.

Слично

Поврзани вести