Во Босна има меѓу 3.000 и 5.000 потенцијални терористи
Помеѓу 3000 и 5000 потенцијални терористи се наоѓаат во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на разузнавачките агенции, пренесуваат локалните медиуми.
Пред неколку години директорот на разузнавањето на БиХ, Алмир Џуво потврдил дека тогаш имало околу 3.000 потенцијални терористи, потсетува експертот за безбедност Предраг Церантик.
„Веројатно оваа бројка сега е многу поголема, ако се земат предвид оние кои одат и се враќаат од сириските боишта“, изјавил тој за „Независни вести“.
Цераник додал дека борбата против тероризмот е превенција и не е работа само на полицијата.
Слично
