Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Босна и Херцеговина знамиња на половина копје – 24 жртви во поплавите

Во Босна и Херцеговина знамиња на половина копје – 24 жртви во поплавите
Во Босна и Херцеговина денешниот ден е прогласен за ден на жалост по катастрофалните поплави кои ја зафатија земјата. Знамињата пред сите институции се спуштени на половина копје. Ден на жалост е прогласен и во Федерацијата Босна и Херцеговина и во Република Српска. Бројот на жртви во незапаметените поплави само во Босна и Херцеговина се искачи на 24 лица. Илјадници граѓани се евакуирани и останаа без своите домови, додека околу 7.000 се уште немаат струја. Според последните информации, во целиот регион бројот на загинати во поплавите е 43 лица, иако се стравува дека тој може да биде и поголем. Точниот број на жртвите ќе се утврдува дури откако ќе се повлече водата.
Слично

Поврзани вести