Во босански град пола од становите ги купуваат со готовина
Приближно половина од становите во Бања Лука се купени целосно од сопствени средства, додека купопродажбата на другата половина е делумно или целосно финансирана со кредит, пренесува N1.
Ова се податоците што им се достапни на агентите за недвижности врз основа на нивните искуства.
„Колку е поскап недвижниот имот, толку е помал процентот на купувања со кредитни средства. Оние што имаат повеќе пари купуваат поскап недвижен имот“, објаснува за Фена Драган Милановиќ, директор на Агенцијата за недвижности „Ремакс“ од Бања Лука.
Со фактот дека, како што забележува, парите мора да имаат докажано потекло кое го потврдуваат банките и нотарите, односно парите мора да бидат на сметката.
Како што нагласува, најевтините станови најчесто се купуваат со кредитни средства.
Според податоците на Републичката управа за геодетски и имотно-правни работи (RUGIPP), минатата година во Бања Лука се продадени 719 станови, чија вредност во договорите за продажба е околу 118,3 милиони КМ. Во текот на оваа година, заклучно со 15 август, евидентиран е промет од 334 станови во вредност од околу 56,6 милиони КМ.
Во целата РС е евидентиран промет на 3.689 станови во вредност од околу 381,8 милиони КМ, додека оваа година, до 15 август, е евидентирана е продажба на 1.735 станови во вредност од околу 184,1 милиони КМ.
Овие податоци се во Регистарот на цени на недвижности што го води RUGIPP, во кој велат дека не собираат ниту обработуваат податоци за начинот на плаќање за недвижности (готовина или кредит).
Цените на новоизградените станови во Бања Лука, во потесниот дел од градот, се движат од 3.800 КМ по квадратен метар и нагоре, додека на некои локации во центарот, становите се продаваат за 7.000 КМ по квадратен метар.
