Во бизарна несреќа го прегазил својот пријател
На патот Кичево-Демир Хисар едно лице на возраст од 58 години го загуби животот во бизарна сообраќајна несреќа која се случила во близина на Големо Илино. Двајца пријатели се возеле од Кичево, а едниот го влечел комбето на другиот. Враќајќи се наназад со својот „мерцедес“ го удрил пријателот кој бил до паркираното комбе и го згмечил меѓу возилата по што истиот починал на самото место. Увид е извршен од страна на СВР Битола, возилата се дадени на вештање, додека пак над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Слично
