Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Битола протест за поддршка на Талески, велат се води хајка против него

Во Битола протест за поддршка на Талески, велат се води хајка против него

Дел од административците во Битола денеска протестираа пред Апелациониот суд во градот, за поддршка на градоначалникот Владимир Талески.

Протестот се одржа околу 14 часот, односно во исто време кога беше најавено дека Апелациониот суд во Скопје ќе одлучува по жалбата на Талески за укнување на куќниот притвор во случајот „Транспортер“.

Тие велат дека Талески не е виновен и дека судот работи по наредби на Заев.

„Ние сме граѓани поддржувачи на градоначалникот Владимир Талески  и партиски членови кој го поддржуваме Талески. Тој нема никаква вина,  вината е докажана кај Заев, а не се  презема ништо“- изјави Јован Ташевски.

Сметаат дека против Талески се води хајка и дека ќе докаже дека не е виновен.

Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство и се товари дека заедно со уште 22 лица направил злоупотреби со превозот на ученици во општината и го оштетил буџетот за 360.000 евра.

Слично

Поврзани вести