Во Битола пак се протестира против одлуката на Иванов за аболиција
Во Битола втор ден по ред се протестира против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов, да амнестира политичари од власта и опозицијата.
Протестот започна во 19 часот, од кај Офицерскиот дом во Битола, продолжија преку Широк сокак, за да стигнат пред зградата на општина Битола. Таму беа пречекани од кордон полицајци. Некои од демонстрантите рекоа дека излегле на протест поради предметот кој денеска го соопшти Специјалното јавно обвинителство наречен Транспортер, во кој за криминал со превозот на учениците во Битола го сомничи градоначалникот на Битола, претседателот на комисијата за јавни набавки, директори на училишта и превозници.
Слично
