Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Битола пак ќе се протестира заради загадениот воздух

Во Битола пак ќе се протестира заради загадениот воздух
Игнорантски однос на надлежните власти за загадениот воздух и префрлање на обврските од една на друга институција, е причината на 13 декември 2014 (сабота), во 11.30часот, кај споменикот Стив Наумов во Битола, да биде организиран втор, уште помасовен граѓански протест, на кој битолчани ќе го изразат своето крајно незадовоство и револт. Организаторите на протестот, здружението “За нас се работи”, остануваат децидни со своите барања кои вклучуваат поправка и замена на мерната станица Битола2 во центарот на градот, изработка на регистар на загадувачи и нивно фактичко обврзување да ги имплементираат еколошките стандарди. Крајната цел е доведување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола во границата на дозволените стандарди. Овојпат, организаторите инсистираат на прецизни рокови за исполнување на нивните барања и формално обврзување на институциите дека ќе постапат по барањата, заедно со прецизен план што конкретно ќе биде преземено за итно подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола. Organizatorot najavuva uste pomasoven protest vo sabota Мерењата покажуваат дека концентрацијата на ПМ честички на метар кубен во Битола во континуитет е повеќекратно зголемена над законски дозволеното  (50 микрограми на м3) и се смета за главен причинител што Битола е меѓу водечките места по краценогени заболувања во државата. Своето крајно незадоволство од таквата катастрофална состојба на воздухот, минатиот месец го изразија над 3500 граѓани, на првиот масовен протест организиран од здружението “За нас се работи”.
Слично

Поврзани вести