Во БИХ започнува поврат на ДДВ за првиот купен стан во новоградба
Денес, Управниот одбор на Управата за индиректно оданочување во БИХ конечно го усвои амандманот на Правилникот, кој ќе овозможи враќање на ДДВ при купување на првиот недвижен имот, потврди Klix.ba.
Правилникот ќе се применува по неговото објавување во Службениот весник на Босна и Херцеговина, а секој што го купил својот прв недвижен имот ќе има право да поднесе барање до Управата за враќање на ДДВ до крајот на оваа година со поднесување на потребната документација.
Законот што овозможува враќање на ДДВ при купување на првиот недвижен имот стапи на сила во април минатата година, но за почеток на имплементацијата беше потребно Управниот одбор на босанското УЈП да направи измени во Правилникот. Тој процес траеше поради разни политички опструкции во Управниот одбор, ултиматуми и блокади на работата на Управниот одбор.
Речиси година и пол подоцна, сите граѓани на Босна и Херцеговина ќе имаат можност да го купат својот прв недвижен имот во нова зграда без да го платат износот на ДДВ, што значително ќе го олесни обезбедувањето домување за граѓаните.
Министерот за финансии и трезор на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџиќ, минатиот месец потврди дека сите оние кои се регистрирале по 12 април 2025 година ќе имаат право на поврат на ДДВ, без оглед на фактот дека правилникот не е донесен порано.
Затоа, правото на поврат на ДДВ ќе го имаат сите полнолетни граѓани на Босна и Херцеговина (физички лица) со постојан престој во Босна и Херцеговина кои купуваат стан или станбен недвижен имот за прв пат во нова зграда.
