Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во БИХ се бараат медицинари, угостителите вишок

Во БИХ се бараат медицинари, угостителите вишок
Во БИХ се бараат медицинари, а вишок се работниците во угостителството. Ова го покажуваат податоците од порталите за вработување во БИХ, според кои во 2015 година се објавени 9.941 огласи, што е за 7% повеќе во однос од 2014 година. Меѓу 10 најбарани професии, за прв пат најбарани се медицинарите, додека за 35% опаднала побарувачката за угостителски работници. На пазарот на труд во БИХ барани се оператори во кол центар и трговци. Голема побарувачка има и за информатичари, комерцијалисти, кадри за во осигурување, градежници и инженери. „На прво место и понатаму се познавање на англиски јазик и во 21% од овие огласи се бара оваа вештина. Тука спаѓа и работа на компјутер. Тренд е и се повеќе работодавачите во последниве години ги наведуваат и вештините на работникот. Од кандидатите се бараат и други вештини кои не се врзани за струката, а тука се комуникативност, одговорност, аналитичност, способност за самостојно носење одлуки и сродни вештини“-изјави Едина Шеховиќ од порталот Посао.ба. Се бараат дефицитарните занимања, познавање  на германски и турски јазик.
Слично

Поврзани вести