Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во БиХ ќе патуваме со лична карта

Во БиХ ќе патуваме со лична карта

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска на седница го утврди текстот на предлог договорот со Владата на Македонија, за условите при патувањето на државјаните од двете земји, со што би се проширила економската соработка во областа на туризмот и културата.

Во соопштението се посочува дека на тој начин, ќе се олесни патувањето на граѓаните од Македонија и Босна и Херцеговина со преминување на границите со биометриски пасоши или со биометриска лична карта и престој во една од земјите до 90 дена во период од 180 денови.

Предлог-договорот со Извештајот од преговорите ќе биде доставен до Претседателството на Босна и Херцеговина, а за негов потписник од босанска страна е определен министерот за надворешни работи Игор Црнадак. 

Слично

Поврзани вести